Една од најуспешните дизајнерки која за десет години успеа да изгради вистински бренд од својата модна етикета, Викторија Бекам, истовремено важи и за една од најдобро облечените деловни дами во модниот бизнис.
Таа е заштитно лице на својот бренд, па најчесто Викторија носи Викторија Бекам, што се покажа како успешем бизнис потег и една од стратегиите што ја донсесе високо во светот на модната индустрија.
Периодов дизајнерката беше активна на релација Лондон – Њујорк – Париз и на тие патувања беше облечена во изданија кои може да послужат како идеална инспирација за вашиот деловен имиџ.