Обожава змии, гуштери, тетоважи, зад себе има три брака, а сакала да биде погребник, приказната на Анџелина Џоли

Холивудската глумица Анџелина Џоли зад себе има три пропаднати брака, уште како тинејџерка имала голема желба да работи како погребник, а како дете за миленици имала змии и гуштери пренесуваат светските медиуми.

Анџелина Џоли вчера го прослави 45 роденден. По тој повод голем дел од светските медиумите за неа решија да ја прикажат нејзината животна приказна.

Уште кога имала 11 години, нејзиното семејство, татко ѝ оскаровецот, Џон Војт и нејзината мајка Маршелин Бердранд, се преселиле во Лос Анџелес, каде таа почнала да посетува часови по глума.

Сепак нејзината бизарна желба да работи како погребник, била причина таа да го напушти школото предвреме. Од мали нозе велат дека била поинаква од другите деца. Голема љубов и биле животните. За домашни миленичиња чувала гуштери и змии.

Џоли се осамостоила на 16. години. Работела и како модел, а се појавувала и во спотови. Првата главна улога ја добила во филмот Hackers, во 1995 година, а една од најуспешните улоги и била онаа на ликот на Лора Крафт во филмот „Томб Рајдер“ во 2001 година.

На снимањето немала каскадери, па поради тоа се здобила со голем број на повреди. Нејзиниот прв брак се случил во 1996 година, кога се омажила за Џони Ли Милер. На венчавката носела црни кожни панталони и бела маица, а во позадина со крв го испишала неговото име. Сакала венчавката да и биде посебна. Се разведоа во 1999 година.

Нејзиниот втор брак бил со глумецот и сценарист Били Боб Тортон. Исто како и во првиот брак и во вториот, Џоли го испиша со крв името на сопругот.

Но, и овој брак не траел долго. Потоа беше во врска со Бред Пит, со кого беше прогласена за најубава двојка на светот. Иако Анџелина веќе го имала посвоениот син Мадкс, со Бред ја посвоија и Захара. Потоа го добија и своето прво биолошко дете, ќерката Шило. Подоцна го посвоија и синот Пакс.

Двојката во 2008 година ги доби близнаците Леон и Вивиен. Се венчаа во Франција во 2014 година, но сепак подоцна се разделија, додека нивниот развод, како и потенцијалното смирување е непресушна тема во медиумите.

Џоли е голема обожавателка на тетоважите. Таа има неколку цртежи на своето тело кои ги посветила на своето семејство. Пред 15 години таа положила за пилот, за да може да лета со мали приватни авиони.

Со години се занимава со хуманитарна работа, а од Обединетите Нации ја именуваа за амбасадорка за добра воља во повеќе земји во светот. Исто така, од Здружението за дописници на Обединетите нации и ја врачиле наградата Граѓанин на светот. Анџелина Џоли вечера го прослави својот 45. роденден.

 

Текстот Обожава змии, гуштери, тетоважи, зад себе има три брака, а сакала да биде погребник, приказната на Анџелина Џоли е превземен од Reporter.mk.