Обожавател со нож ја нападна пејачката Маја Беровиќ среде дискотека

Обожавател извадил нож среде дискотека и ѝ се заканил на српската пејачка Маја Беровиќ дека ќе ги убие неа и нејзиниот сопруг. Мажот од Белград дошол на настапот на пејачката во Виена, каде се случил настанот. Тој и претходно доаѓал на секој нејзин настап, а Маја повремено му оставала билети за дискотеките во кои ќе пее, пишува српски „Свет“. Но, откако обожавателот почнал да ѝ испраќа слики од нејзините станови во Виена и Белград, пејачката наводно се исплашила и ја прекинала комуникацијата со него.

„Тоа што Маја почна да го игнорира најверојано го натерало да почне да ѝ се заканува. Во дискотеката во Виена сакал да ѝ се приближи за да се сликаат, но Маја му рекла на својот сопруг да не му дозволува да ѝ се приближи на настапот. Тој потоа се обидел да ја најде зад сцената, извадил и нож, но обезбедувањето го спречило да ѝ се приближи“, раскажал извор близок до пејачката за „Свет“.

 

Текстот Обожавател со нож ја нападна пејачката Маја Беровиќ среде дискотека е превземен од Reporter.mk.