Џулијана Берг, обожавателка на Били Ајдол, го тужи рок-пејачот затоа што не сакал да има секс со неа. Џулијана во октомври 2016 година присуствувала на концерт на Ајдол во Лас Вегас, по што, наводно, очекувала да ја помине ноќта со него.
Во тужбата стои дека Ајдол ја викнал зад сцената и ѝ ветил дека по концертот ќе ја помине ноќта со неа. Откако завршил концертот, наместо да ја повика во неговиот апартман, како што наводно се договориле, тој си заминал со музичарите, а таа морала да плати за хотелка соба за да има каде да преспие. Во тужбата, Џулијана бара пејачот да ѝ ги плати трошоците за хотелската соба, кои не би ги направила ако спиела во неговиот апартман.
Адвокатите на популарниот музичар ги негираат обвинувањата и велат дека Били Ајдол ќе се појави на суд за да
докаже дека девојката ја измислила целата приказна.
Текстот Обожавателка го тужи Били Ајдол оти не сакал да има секс со неа е превземен од Reporter.mk.