„Обожавателка ми ја прободе сопругата со нож“, Здравко Чолиќ прозборе за цената на популарноста

Српскиот пејач Здравко Чолиќ неодамна првпат раскажа дека кога бил на почеток на врската со Александра, која сега му е сопруга, обожавателка ја нападнала со нож. Овој инцидент Чолиќ вели дека ќе го памти засекогаш.

„Имам многу поминато во животот, но моментот кога Александра беше нападната со нож од страна на една моја обожавателка, ми остана во сеќавање. Таа ја пресече по лицето, но за среќа мина со лесни повреди. Се случи одамна, но сеќавањата ми се како да се случил вчера. Таа ја разбира мојата работа и не е љубоморна. И јас мислам дека заедно со децата треба да бидат далеку од очите на јавноста“, изјавил Чолиќ.

За Чолиќ во седумдесетите и осумдесетите години владееше масовна хистерија која ја нема доживеано ниту еден друг пејач. Чолиќ од 2001 година е во брак со Александра, а заедно ги имаат ќерките Уна и Лара.

 

 

Текстот „Обожавателка ми ја прободе сопругата со нож“, Здравко Чолиќ прозборе за цената на популарноста е превземен од Reporter.mk.