Американското обвинителство гради случај против американскиот претседател, Доналд Трамп, поради наводното подмитување на американската порноактерка Сторми Даниелс и експлејбој-зајчицата Карен Мекдугал.
Мајкл Коен, адвокатот на Доналд Трамп, веројатно ќе заврши зад решетки откако јавно му призна на обвинителството дека им платил на Даниелс и Мекдугал да молчат за аферите што ги имале со американскиот претседател.
Тој го обвини Трамп дека му наложил да им исплати по 150 000 долари, односно 130 000 долари на Даниелс и Мекдоналд. Двете требало да се молчат за аферите за да не му наштетат на имиџот на Трамп додека трае изборната кампања за изборот за претседател на Америка.
Коен се спогодил со обвинителите по осум точки. Експерт од телевизијата MSNBC толкува дека американскиот претседател сега е соучесник во казнено дело и дека вакво нешто во Америка се нема случено од времето на Ричард Никсон. Кохан сега може да биде клучниот сведок против Доналд Трамп.
Тој признал пред обвинителите за финансиските неправилности во текот на кампањата, банкарските измами и неплатените даноци.
И поранешниот водител на кампањата на Доналд Трамп, Пол Манафорт, е осуден поради избегнување на плаќање данок, банкарски измами и сокривање странски банкарски сметки. Во осум точки во обвинението од вкупно 18, Доналд Трамп ваквата пресуда ја коментирал како жалосна, а целиот случај го претстави како „лов на вештерки“.
Карен Мекдугал (47), поранешната плејбој-зајчица, тврди дека и таа и Трамп се сакале. Тврди дека со американскиот претседател спиела уште на првиот состанок.
„Откако имавме секс, тој ми понуди пари. Не знаев како да реагирам. Бев тажна. Му реков дека не сум таква девојка. Подоцна плачев во автомобилот“, низ солзи ја раскажува Карен ситуацијата кога Трамп ја однел во нивниот стан, каде ѝ ја покажал спалната соба на сегашната прва дама Меланија.
„Спиеле во одвоени соби. Помислив дека имаат проблеми во бракот“, изјави Карен, која додала дека ѝ било тешко да влезе во станот на оженет маж чија жена штотуку се породила.
Сторми Даниелс (48), чие вистинско име е Стефани Клифорд, претходно открила дека имала кратка афера со Трамп и дека сè се сведувало само на секс. Воделе љубов во неговиот вип-апартман во хотелот „Лејк Тахое“. Тоа се случило во јули 2006 година, три месеци откако Меланија Трамп го родила нивниот син Барон.
Текстот Обвинтиелството гради случај против Доналд Трамп за љубовните афери е превземен од Reporter.mk.