Од коронавирус почина ѕвездата на филмот „Војна на ѕвездите“, Ендрју Џек

Британскиот актер Ендрју Џек, кој се прослави во филмовите „Војна на ѕвездите“, почина вчера како последица на коронавирусот. Џек почина на 77 години, а трагичната вест ја потврдил неговиот портпарол.

Џек починал во болницата во Чертсеј, а откако било потврдено дека е позитивен на вирусот се појавиле бројни компликации.

За жал, последните моменти од неговиот живот Џек не успеал да ги помине со сопругата Габирела, која се наоѓа во карантин во Австралија, а странските медиуми пишуваат дека не успеале нити да разговараат пред смртта.

Џек во серијата го глумеше Калуан Емата, а зад себе има неколку филмови.

Текстот Од коронавирус почина ѕвездата на филмот „Војна на ѕвездите“, Ендрју Џек е превземен од Reporter.mk.