Рони Ријана Фенти, позната како Ријана, денес е една од најпознатите и највлијателни жени во музичкиот свет. Но, нејзиниот пат до успехот не бил лесен. Со татко ѝ никогаш не биле во добри односи, а работите се влошиле откако Роналд во медиумите прозборел за инцидентот во 2009 година кога беше претепана од нејзиниот дечко Крис Браун.
Истата година нејзиниот татко го демолирал автобусот со кој пејачката била на турнеја.
Ријана е родена на Барбадос во 1988 година во дисфункционално семејство. Татко ѝ со години се борел со зависноста од дрогата и алкохолот, а често и физички го малтретирал целото семејство. Кога Ријана наполнила 14 години со мајка ѝ го оставиле Роналд. Двете морале да работат разни работи за да се прехранат.
„Мојот татко припаѓа на генерацијата на 60-те, кога дрогата и алкохолот уништи многу млади луѓе. Често знаеше да излезе од контрола. Многу му бев лута. Ниту едно дете не треба да го мине она низ низ кое јас поминав“, изјави Ријана пред деет години.
Во неколку наврати таа вели дека се смирила со нејзиниот татко. Понекогаш вели дека му давала скапи подароци. Иако Роналд изјавил дека никогаш повеќе нема да има добар однос со ќерка му, сепак на крајот изјавил дека му е мило што повторно станале пријатели.
По разводот на нејзините родители, ситуацијата се смирила, но проблемите на Ријана продолжиле во школото. Нејзините врсници секојдневно ја исмевале затоа што е сиромашна. Не ѝ требало многу време на Ријана да стане насилна. На 15 години нејзин пријател ја наговорил да се пријави на школски избор за Мис.
Никогаш не научила да оди како манекенка во некоја модна куќа. Правилно да се движи научила во војска. Секојдневно вежбала да се движи со книги на главата. Тогаш го покажала талентот за пеење. Пред целото школо ја запеала песната „Херој“ од Марија Кери. Трудот ѝ се исплател, а кога победила сватила дека сакала да продлжи со музиката.
Ријана го прекинала средното школо и заминува да пее со својот бенд. Заработувала и пари како продавачка на улица. Среќата брзо ќе ѝ се насмее, откако нејзиниот талент ќе биде препознаен од американскиот музички продуцент Еван Роџерс, со кого ќе сними и демо верзија на песната Pon de Replay. Снимката ќе ја слушне светскиот музичар Џеј Зи, а пејачката потоа ќе потпише договор со неговата дискографска куќа.
Работите брзо почнуваат да се менуваат за Ријана. Таа ќе го издаде албумот Music of the Sun, кој ќе се најде на врвот на топ-листата на „Билборд 200“ каде се наоѓаат најпродаваните музички албуми.
Во 2009 година ќе излезе нејзиниот четврт албум Rated R, на кој се наоѓаат некои од нејзините најголеми хитови како што се Russian roulette, Hard, Rude boy. Наредната година ќе го сними хотот со Еминем, Love the way you lie.
Со повеќе од 200 милиони продадени албуми ширум светот, Ријана за кратко време станала една од најбогатите музички ѕвезди на сите времиња.
Нити нејзиниот љубовен живот не можел да мине без драма. Од 2009 година до 2016 година, била во турбулентна врска со музичарот Дрејк, а пред него и со Крис Браун. Нивниот однос повеќе изгледал како хорор, отколку љубовна приказна. Двајцата се запознале во 2008 година, а веќе наредната физички се пресметале.
Поради нападот, Крис подигнал обвинение, а низ светските медиуми се раширија фотографии од Ријана и нејзините повреди. Пејачот добил забрана да ѝ се доближи и петгодишна условна казна.
Пред три години Ријана започна со производство и на долна облека. Таа го создаде брендот Savage X Fenty, со големини за сите жени и со тоа го покри пазарот, кој претходно бил насочен исклучиво за слаби.
Пејачката е голем заговорник на инлузивноста и промоцијата на различни типови на убавина, а со својот пример се обидува да им покаже на жените дека можат да се чувствуваат убаво во својата кожа, без разлика на тоа колку тежат. Нејзината линија за долна облека во првата година заработила неверојатни 72 милиони долари.
Текстот Од продавачка на улица до најбогата пејачка, животниот пат на Ријана е превземен од Reporter.mk.