Српската пејачка Светлана Сека Алексиќ вели дека не можела отсекогаш да ужива во луксузниот живот како сега. Пејачката потекнува од српското село Липолист, а заедно со нејзината мајка и брат вели дека во многу наврати морале да се преселуваат од едно место во друго.
Нејзините поранешни комшии за неа имаат само пофални коментари. Тие велат дека Сека со семејството живееле во голема беда, но таа успеала да се извлече од калта и со многу труд да го стекне богатството.
Постарите мештани од селото се присетуваат дека Ибрима, мајката на Сека и било тешко додека ги одгледува неа и нејзиниот брат. Тие поради немаштијата биле принудени често да се селат, а најдолго се задржале во една мала трошна куќа.
Сека со семејството прво живеела во една соба во школскиот двор во селото, кое повеќе не постои. Немале купатило и шпорет, а спиеле на подот. Се бањале во корито. Често се случувало да бидат гладни. Потоа се преселиле во двор кај комшиите, а на крајот завршиле во мала трошна куќа.
Немале пари, но и покрај тоа Сека секогаш била расположена. Сите ја сакале. Сека отсекогаш имала желба да пее. Комшиите велат дека им е драго што успеала во животот. Тие велат дека Сека пред четири години била во посета на нејзиното село затоа што сакала да купи кафе-бар.
Текстот Од трошна куќа до луксузен дворец, Сека Алексиќ го откри трнливиот пат е превземен од Reporter.mk.