Одбележување на Светскиот ден на глуви во Македонската филхармонија

На 28.09.2018 година ,Светскиот ден на глуви и наглуви ќе се одржи манифестација по повод 70 години постоење на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Р.Македонија. Манифестацијата ќе се одржи во Македонска Филхармонија  во 12 00 часот (мала сала).

Оваа организација своите темели ги има поставено на 28.03.1948 година и до 2018 година оствари многу плодна активност, организирана дејност и постигна вредни резултатити на полето на заштитата, едукацијата и рехабилитацијата на глувите и наглувите лица на територијата на Република Македонија.

Во својот 70 годишен развиток, Сојузот на глуви и наглуви на Македонија изминал во повеќе фази, извршил неколку промени во името и статутот на организацијата, ги променувал програмските приоритети, организациските шеми, усогласувајќи се со промените на општествениот систем, развиток на институционална мрежа, социјално законодавство и потребите на членството.

На манифестацијата ќе присуствуваат повеќе од 250 членови (глуви и наглуви ) од Здруженијата низ цела Македонија, глуви ученици од училиштата Партеније Зографски-Скопје и заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин- Битола, кои што ќе ја збогатат оваа манифестација со свој настап. Ќе присуствуваат преставници од Министерството за труд и социјална политика ,од Владата како и градоначалници од општините на Градот Скопје ,кои на одреден начин дадоа допринос во организирањето на овој настан .

На манифестацијата ќе се обрати Претседателон на НСГНРМ- Томица Стојановски и ќе ги запознае присутните за моменталната состојба на Сојузот како и за нивната организациона поставеност. Ќе ги запознае и за сите реформи во Сојузот што во наредните две години се планираат да се спроведат ,за сите нови проекти кои што во иднина планира Сојузот да ги реализира ,а се неопходни со цел да се започне кон ефективен одговор на потребите на глувите и наглуви во Македонија.

 

Текстот Одбележување на Светскиот ден на глуви во Македонската филхармонија е превземен од Reporter.mk.