„Одмаздници“ со 2,8 милијарди долари е со најголема заработка на сите времиња

Според Светската база за филмски податоци ИМДБ, филмот „Одмазници“ е на врвот според заработувачката во 2019 година. „Одмазници“ заработил приход од 2,8 милијарди долари, со што се најде на врвот на листата со најголема заработка на сите времиња.

На второто место со заработка од 1,6 милијарди долари е филмот „Кралот лав“.  Трет на оваа листа е филмот „Човекот пајак: Далеку од дома“ со заработка од 1,13 милијарди долари.

Четврт е „Капетанката Марвел“ со 1,12 милијарди долари, а на петтото место е „Приказна за играчките 4“ со 1,07 милијарди долари. Аладин е на шестото место со заработка од 1,05 милијарди долари.

Според ИМДБ, „Џокер“ е прогласен за најдобар филм за 2019 година, иако тој сè уште се прикажува низ кината. Досега со заработени 1,04 милијарди долари, тој се наоѓа на седмото место. Веднаш зад него е „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, со заработка од 759 милиони долари.

 

На деветто место е „Снежното кралство 2″, којшто досега заработи 742 милиони долари и сè уште се прикажува во кината. Следат: 10. „Не Жа” (700 милиони долари), 11. „Талкајќи по Земјата” (The Wandering Earth) – 699 милиони долари, 12. „Како да го дресирате вашиот змеј 2: Скриениот свет ” (How to Train Your Dragon: The Hidden World) – 520 милиони долари, 13. „Господарка на злото 2″ (480 милиони долари), 14. „Тоа 2″ (470 милиони долари), 15. „Покемон детектив Пикачу” (432 милиони долари), 16. „Тајниот живот на миленичињата 2″ (The Secret Life of Pets 2 ) – 429 милиони долари, 17. „Мојот народ, мојата земја” (My People, My Country ) – 423 милиони долари.

Последни три во листата „300 милиони плус“, се филмовите „Капетан” (407 милиони долари  заработка), „Алита“ (405 милиони долари) и на крајот „Годзила: Кралот на ѕверовите” со 386 милиони долари приход.

Текстот „Одмаздници“ со 2,8 милијарди долари е со најголема заработка на сите времиња е превземен од Reporter.mk.