Во саботата почна 13-тата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во новата сезона има и нови правила, па така од сега кандидатите кои ќе поминат ќе може да одберат кој член од жирито сакаат да им биде ментор или пак жирито бира кој кандидат сака да биде во неговиот тим.
Во првиот круг настапуваа и македонски претставници, а меѓу нив и Огнен Здравкоски од Скопје. Тој ги отпеа „Срце није камен“ и „Остала си увек иста“.
Според новите правила, кога некој кандидат ќе ги освои сите гласови треба да избере кој од жирито сака да му биде ментор.
Огнен размислуваше меѓу Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ.
„Ако ме одбереш мене, ти гарантирам дека нема да јадеш, дека многу ќе работиш, дека ќе изгледаш како светка ѕвезда, изјави Карлеуша.
„Јас не ветувам ништо“, рече Шерифовиќ.
Огнен за свој ментор ја одбра Марија, по што тргна накај неа и пејачката му се фрли во прегратки. За потсетување, Огнен настапуваше и претходната сезона и стигна до петиот круг.
Текстот Огнен од Скопје ја откачи Карлеуша е превземен од Reporter.mk.