Огњен се закани дека ќе објавел голи фотографии од Дара Бубамара

Фудбалерот Огњен Врањеш по објавените голи фотографии на Јелена Карлеуша сега ѝ се закани и на нејзината колешка Дара Бубамара дека ја очекува истата судбина.

Српските медиуми пренесуваат дека Врањеш наводно поседувал голи фотографии ѝ од Дара Бубамара кои пејачката му ги испратила кога се допишувале пред неколку месеци.

„Огњен и Дара цело лето се допишуваа. Тие размениле броеви преку Инстаграм, а набрзо потоа се решиле и на видео-пораки преку Вибер. Дара за кратко време стекнала доверба во Огњен, па често му испраќала фотографии на кои таа е гола. Долго време се договарале да се видат во живо, но Дара од пријателите слушнала дека е во шема со Карлеуша. Тогаш одлучила без објаснување да го прекине контактот со него“, вели близок пријател на Дара.

 

„Иако Врањеш и бил многу симпатичен, Дара се уплашила дека Јелена повторно ќе ѝ се наљути. Не сакала да го прокоцка пријателството со Огњен, па одлучила да го блокира“, тврди соговорникот.

Кога Дара застанала на страна на Карлеуша, Огњен се изнервирал ѝ се заканил дека ќе ги објави голите фотографии на Дара Бубамара.

„Даро ќе ги објавам твоите голи фотографии, ако продолжиш да зборуваш и провоцираш. Ќе те избламирам како Јелена“, ја пренесуваат српските медиуми пораката на Огњен до Дара Бубамара.

Текстот Огњен се закани дека ќе објавел голи фотографии од Дара Бубамара е превземен од Reporter.mk.