Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш ги повлече сите тужби што пред неколку месеци ги поднесе против пејачката Јелена Карлеуша. Тие денес имаа закажано судење во Првиот основен суд во Белград, но на судењето се појавија само нивните адвокати. Според српските медиуми, адвокатите ја напуштиле судницата по само неколку минути, а адвокатката на Врањеш потврдила дека тужбите се повлечени.
„Повлечени се сите постапки, тужби, сите граѓански и кривични пријави против пејачката“, рекла Милица Јаќимовски, адвокатката на фудбалерот. Таа не сакала да ја открие причината зошто Врањеш се откажал од постапката, велејќи дека единствено нејзиниот клиент може да им одговори на новинарите на тоа прашање.
За потсетување, Врањеш ја тужеше Карлеуша уште во јануари годинава, кога во јавноста се дозна за нивната афера. Откако фудбалерот објави голи слики и видеа од пејачката, таа јавно го навредуваше и му се закануваше по што тој поднесе тужба против неа.
Текстот Огњен Врањеш ги повлече сите тужби против Карлеуша е превземен од Reporter.mk.