Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ на „Инстаграм“ објави видео во кое ги повика своите следбеници да се вклучат во хуманитарната акција за собирање средства за операција на Никола Рабреновиќ во Русија. Таа на лицитација стави скапоцен ѓердан, кој го купи фудбалерот Огњен Врањеш за 3 000 евра.
Според српските медиуми, Врањеш се вклучил во лицитацијата под лажно име и веднаш понудил 2 илјади евра, а потоа додал уште илјада евра.
„Огњен е многу добар пријател на мој другар и во доверба му кажал дека учествувал во лицитацијата на Цеца, каде понудил најмногу од сите. Сакал да помогне, но за тоа да не се зборува и пишува, затоа понудата била од лажен профил. Тој ја цени и почитува Цеца и сигурен е дека парите ќе отидат во вистинските раце. Јас сметав дека треба да се знае, па затоа ви го кажувам ова“, рекол анонимен маж за медиумите.
Босанскиот фудбалер последните месеци ги полнеше страниците на медиумите со секс-аферата со Јелена Карлеуша. Тие неодамна беа повикани на суд за прво соочување во тужбата за клевета што Карлеуша ја поднесе против него, но пејачката тогаш не се појави во судот.
Текстот Огњен Врањеш купи ѓердан од Цеца за 3 000 евра е превземен од Reporter.mk.