Оливер Драгојевиќ ќе добие музеј, a покрената е и иницијатива за подигнување статуа во природна големина на музичарот во неговото родно место Вела Лука во Хрватска.
Од Општината велат дека ја прифатиле иницијативата која претходно била покрената, а која ја иницирало неговото семејство.
„Сите знаеме дека Оливер е роден во Вела Лука и дека ова е местото каде што пејачот ја мина младоста. Сите свои летни и зимски одмори и секој слободен момент тој го помина тука. Оливер тука изгради две куќи. Пред десет години пејачот ја доби титулата почесен граѓанин на Вела Лука, а претседателот на Општината пред две години му ја врачи и наградата за животно дело. Општината одбра атрактивна локација каде што треба да биде направен музејот, а со местото се согласи и неговото семејство“, изјавил заменик-началникот на Вела Лука, Драгиша Барчо.
Сега Општината е во фаза на реализација на овој проект. Се собираат идеи, но и донатори. Постои опција и за пријава до фондовите на ЕУ. Покрај музејот, во план е и покренување манифестација „Денови на Оливер“, нешто што би ја збогатило културната понуда на ова место.
Текстот Оливер Драгоевиќ ќе добие музеј и статуа во Вела Лука е превземен од Reporter.mk.