Глумицата и пејачка Оливија Њутн Џон, ќе продаде 500 свои предмети на аукција. Меѓу нив се и црните кожени панталони што популарната Сенди ги носеше во филмот „Брилијантин“. На аукцијата ќе биде понудена и виолетовата јакна што таа ја носеше во филмот и црната кожена јакна што ја носеше во последната сцена. Целиот приход од аукцијата ќе оди во добротворни цели, во борба против ракот на дојката.
За потсетување, познатата глумица со години се бори со оваа болест што првпат ѝ беше дијагностицирана во 1992 година. Таа неодамна откри дека ракот повторно се вратил и дека лекарите ѝ рекле дека е во последната фаза од болеста.
Текстот Оливија Њутн Џон ги продава кожените панталони од „Брилијантин“ е превземен од Reporter.mk.