Американската актерка и поранешна дизни-ѕвезда Аманда Бајнс ја напуштила клиниката за одвикнување од наркотици и бара нов стан во Лос Анџелес. Таа некое време не била способна да се грижи за себе, но судијата проценил дека сега може да ја напушти клиниката во која престојувала и да почне да живее сама.
Аманда се откажала од факултетот и нејзините родители биле загрижени дека повторно ќе се врати на стариот порок, дрогата, па се обратиле на судија за да се обиде да ја спаси нивната ќерка. Актерката повеќе не личи на себе, а за неа и нејзиното здравје се загрижени и нејзините фанови.
Извор близок на актерката за The Blast изјавил дека Аманда излегла од клиниката пред седум дена и не познато каде живее сега. Актерката мора редовно да се тестира за да се утврди дали и натаму користи наркотици.
Американските медиуми пишуваат дека Аманда се вселила кај родителите Лин и Рик Бајнс, додека повторно не се осамостои.
Актерката лани излегла од клиника за одвикнување, а по тоа планирала враќање во Холивуд. Но, дошла до заклучок дека најдобро би било повторно да се врати на лечење. Бидејќи имала право на излегување, наводно одела на третмани во Лос Анџелес.
Аманда неодамна отворено проговорила за борбата со депресијата и зависноста од наркотици.
„Сè што правев целиот живот за да успеам, сето тоа го уништив сама”, рекла актерката откако пред пет години за првпат била во психијатриска установа.
Текстот Омилената ѕвезда на Дизни ја напушти клиниката за одвикнување од наркотици е превземен од Reporter.mk.