Онур и Шехерезад чекаат второ дете

Глумците Халит Ергенч и Бергузар Корел, чекаат второ дете, пишуваат турските медиуми. Популарните Онур и Шехерезад неодамна биле на прославата на 50 . роденден на своја блиска пријателка и додека излегувале од забава, 36-годишната Бергузар се обидувала со чантата да го скрие трудничкиот стомак од фотографите.

„Долго не сме се забавувале. Тоа беше многу убава забава. Ја сакаме Ајше, со неа соработуваме од 2006 година и сега сме како семејство“, реклеглумците по забавата, иако новинарите ги прашале дали е Бергузар бремена.

Медиумите пишуваат и дека двојката долго време ја криела од јавноста првата бременост на Шехерезад.

 

Текстот Онур и Шехерезад чекаат второ дете е превземен од Reporter.mk.