Опра Винфри ги поддржа Меган и Хари

Поранешната американска водителка Опра Винфри вели дека целосно ги поддржува Меган Маркл и нејзинот партнер Хари, да се повлечат од кралското семејство и да заминат во Канада.

„Ги поддржувам 1000%. Долго размислувале за ваквата одлука, а тоа го потврди и кралицата Елизабета. Хари пред некој ден изјави дека сака животот со своето семејство да го помине во мир, далеку од очите на светската јавност. Потребно е многу храброст за ваква одлука, но мислам дека ја донесоа вистинската“, изјавила Опра.

Опра вели дека Хари ја донел оваа одлука поради семејството. Таа вели дека никој нема право да му противречи.

„Кога некој размислува која е најдобрата одлука да ја донесе за неговото семејство, тогаш тоа и ќе го направи. Никој нема право да коментира“, заклучува Опра.

Пред две недели, Хари и Меган, решија да се откажат од сите привилегии кои ги имаат како членови на кралското семејство и да заминат да живеат во Канада. Оваа одлука наиде на негодување кај кралицата и нејзиното семејство.

 

 

 

 

Текстот Опра Винфри ги поддржа Меган и Хари е превземен од Reporter.mk.