Американската водителка Опра Винфри летово го минува во Дубровник во друштво со почесниот претседател на модната куќа „Валентино“, Џанкарло Џиамети (80). Водителката се пофали на социјалните мрежи дека ужива на хрватското крајбрежје.
„Неделна вечерна прошетка низ Хрватска“, напиша водителката, која со пријателите крстари по јадранското крајбрежје. Опра, како што пишува thedubrovniktimes, размислува да купи имот во Дубровник. Медиумите пренесуваат дека телевизиската водителка веќе има пикирано земјиште вредно пет милиони долари.
Со Опра на одмор во Хрватска е и нејзината најдобра пријателка, новинарката Гајли Кинг (63), и модната дизајнерка Диана вон Фурстенберг (71). Водителката објави фотографија од Јадранското Море и напиша дека пливањето во него е нешто што ја прави среќна.
„Уште еден прекрасен ден во мојот живот. Се чувствувам многу благодарна“, се пофали Винфри сликајќи го заоѓањето на сонцето додека крстари со пријателите низ Јадранот.
Текстот Опра Винфри на пливање во Дубровник е превземен од Reporter.mk.