Опра Винфри изминатите денови уживаше во Дубровник, а вчера пристигна во Црна Гора. Познатата американска водителка со пријателите стигнала во Црна Гора со луксузната јахта на италијанскиот бизнисмен Џанкарло Џамети, а во нивно друштво се и модната дизајнерка Дајан вон Фустеберг и новинарката Гејл Кинг. Винфри на Инстаграм објави фотографија и видео од островче кое се наоѓа во близина на Пераст.
„Се разбудив за да го видам изгрејсонцето на ново место. Поздрав Црна Гора“, напиша Опра на Инстаграм.
Текстот Опра Винфри од Хрватска на одмор и во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.