Поп-ѕвездата Тејлор Свифт успеа да се избори за судска забрана откако еден нејзин фан ѝ испраќал заканувачки пораки и писма, поради тоа што бил опседнат со неа.
Станува збор за 26-годишниот Ерик Сворбик, кој од септември 2016 година постојано ја вознемирувал Тејлор, навестувајќи ѝ дека сака да ја силува.
„Сакам да ја силувам Тејлор Свифт. Ја мразам. Знам дека сум последната личност на светот со која таа би сакала да биде и затоа сакам да ја силувам. Знам дека сум нејзина сродна душа и само неа сакам да ја силувам. Никој друг и не кога било. Само неа“, напишал Ерик во едно од писмата што стигнале на адресата на Тејлор.
Покрај тоа што сакал да ја силува, Ерик наводно изразил желба и да ја убие, а писмата како минувало времето, станувале сè позаканувачки и поопасни за животот на Тејлор. Пејачката минала низ разни здравствени проблеми. Нејзините адвокати биле загрижени за неа, а откако на судот му ги предале сите документи и докази, судот наредил опседнатиот фан да престане да контактира со пејачката и дека не смее да биде во близина на нејзиниот имот.
Инаку, ова не е единствениот случај со опседнат фан со кој популарната Тејлор се соочила во својата кариера. Еден се обидел насилно да влезе во нејзиниот стан минатата година. Веднаш завршил во психијатриска установа, додека друг ѝ се заканувал дека ќе ги повреди нејзиниот татко и цело семејство. Трет, пак, во полициска станица се претставил како нејзин дечко, и побарал пиштол за наводно да ја заштити.
Текстот Опседнат фан сакал да ја силува и убие Тејлор Свифт е превземен од Reporter.mk.