Најмладата милијардерка и реалити ѕвезда Кајли Џенер, побара забрана за пристап поради еден опседнат обожавател кој доаѓал кај нејзе дома и ѝ тропал на вратата.
Тој успеал да дојде до вратата на нејзината куќа и почнал насилно да тропа. Никому не му е јасно како успеал да стаса до тука, бидејќи станува збор за приватна територија во која пристапот е физички и електронски контролиран.
– Сè уште сум под голем стрес и душевна болка. Имам мало дете и се плашам за нејзината безбедност – рече Кајли.
Телохранителот на Кајли веднаш реагирал и кога го видел непознатиот пред врата го изнесол од имотот, од каде го собрала полиција.
Инаку според американскиот „Форбс“ богатството на Кајли се проценува на речиси милијарда американски долари, а „Њујорк Пост“ ја прогласи за највлијателна славна личност во модната индустрија. Кајли кариерата ја започна како моделка, а денес е успешна бизнисменка.
Текстот Опседнат обожавтел ја вознемири Кајли Џенер е превземен од Reporter.mk.