Оскаровецот Рами Малек тврди дека и покрај физичката сличност со неговиот брат близнак, двајцата се сосема поинакви личности и карактери. Неговиот брат близнак се вика Сами Малек, а Рами тврди дека тој не личи толку колку што сметаат неговите блиски пријатели и поширокото семејство.
На почетокот изгледавме слично, речиси идентично. Но, со годините тоа се менуваше“, изјавил Рами.
Својата кариера ја почнал од своето рано детство, кога го глумел ни помалку ни повеќе неговиот брат близнак. Вели дека имало ситуации кога место него ги правел тестовите во школо.
„Мојот брат во школо слушаше грчки јазик, но не го научи, па малку фалеше да ја изгуби годината. Се договоривме јас да излезам на тестот место него, иако ни самиот не го знаев тој предмет. Сепак, излегов на усмен тест и направив шоу. Бев толку добар што професорката ме замоли да останам да одговарам и на нејзниот следен час“, изјавил Малек во интервју во емисијата кај Греам Нортон..
Американскиот актер со египетско потекло Малек, покрај Оскарот, ги освои срцата на многу лица со толкувањето на ликот на Фреди Меркјур, а зад себе има голем број на успешни улоги. Малек е познат и по улогата во познатата серија Mister Robot.
Текстот Оскаровецот Рами Малек првата улога ја имал глумејќи го брат му на тест по грчки е превземен од Reporter.mk.