Основачот и извршен директор на „Твитер“, Џек Дорси, објави дека ќе донира една милијарда долари во светската борба за справување со коронавирусот. Тоа е најголемата поединечна донација за оваа цел досега. Според Дорси, сумата изнесува 28% од неговото вкупно богатство.
„Откако ќе ја победиме пандемијата на Ковид-19, фондовите ќе бидат пренаменети за други универзални цели“, напиша тој на „Твитер“.
За да биде сѐ транспарентно, Дорси кажа дека сите негови и други донации ќе можат јавно да се следат преку Google Sheet.
И други технолошки милијардери имаат донирано за борбата против пандемијата, но во многу помали суми: Бил Гејтс, Мајкл Дел и Џеф Безос дадоа по 100 милиони, а Марк Закерберг 30 милиони долари.
Паричен придонес иво борбата против пандемијата дадоа и голем број славни личности, како Леонел Меси, Кристијано Роналдо, Пинк, Ријана, Доли Партон, Џастин Тимберлејк и Опра Винфри. Низа светски познати компании и модни брендови се вклучија во борбата со болеста така што произведуваат и донираат заштитни маски, респиратори и дезинфициенси.
Текстот Основачот на „Твитер“ донираше една милијарда долари во борбата против короната е превземен од Reporter.mk.