Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ, се огласи откако излезе од шок-собата во која е сместен нејзиниот поранешен сопру, кој вчера на патот кон Белград имаше тешка сообраќајна несреќа. Ана напиша на Инстаграм:
-Почитувани пријатели, колеги и сите кои се молите, мислите и се грижите за Дарко… Ви благодарам за поддршката и за молитвите. Тоа е се што можеме засега да направиме за него. Крв не е потребна, а ако треба, ќе ве известам. Се надеваме и веруваме во најдоброто! Ви благодарам.
Медиумите објавија дека е во критична состојба и дека бубрезите откажале.
Текстот „Остана само да се молиме за Лазиќ“, кажа поранешната сопруга откако излезе од шок соба е превземен од Reporter.mk.