Британец собрал остатоци од искршено стакло од џипот со кој принцот Филип имаше сообраќајна несреќа минатата недела и ги продал на „Е-беј“, пишуваат локалните медиуми. Парчињата стакло ги дал на аукција, а нависоката понуда изнесувала 65.900 фунти.
Неколку часа откако ја објавил понудата, таа била отстранета, оти, според тимот на „Е-беј“, ги прекршил општите услови за продажба.
„Никој не може да продаде работи поврзани со човечки трагедии“, рекле тие.
Сепак, според британските медиуми, мажот успеал да го продаде скршеното стакло пред „Е-беј“ да го отстрани неговиот оглас од нивната интернет-страница.
За потсетување, сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип, минатата недела удри во автомобил, а во несреќата беа вклучени и жена и две деца кои патувале во автомобилот што тој го удрил.
Текстот Остатоци од скршениот автомобил на принцот Филип продадени за 66.000 фунти е превземен од Reporter.mk.