Хакерот кој ги украде голите фотографии од холивудската актерка Џенифер Лоренс и ги објави во јавност, е осуден на една година затвор.
Станува збор за Џорџ Гарафан, од Конектикат. Тој е осуден на осум месеци затвор, а откако ќе ја отслужи казната, ќе биде под посебен надѕор и ќе мора да одработи 60 часови општествено корисна работа.
Тој е еден од четворицата уапсени во 2014 година, во хакерскиот скандал кој стана познат по тоа што ги објави голите фотографии на Џенифер Лоренс, Кејт Аптон, Кирстен Данст и бројни други славни лица.
Меѓу погодените од нивниот хакерски упад биле и стотина други не толку популарни лица.
На судењето во април тој призна дека на жртвите им се претставувал како член од персоналот на Apple и барал од нив да му ги испратат нивните кориснички имиња и лозинки. Многумина му поверувале и му ги дале личните информации, пишува „Индипендент“.
Џенифер Лоренс ваквиот напад го изедначи со сексуален злостор и барала од судот построга казна за осудените.
Текстот Осум месеци затвор за хакерот кој ги објави голите фотографии на Џенифер Лоренс е превземен од Reporter.mk.