Ана Севиќ стравува дека момците кои го претепаа нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ поради долг од 50.000 евра можеле да ја киднапираат нивната ќерка Лорена.
„Штом слушна дека Дарко крвнички е претепан, таа сега е во страв, дека некој може да им наштети на нивната четригодишна ќерка. Во паника е дека поради долгот на Лазиќ,па вели дека сега може да ја нападнат Лорена или дури и да ја грабнат. Ана никако не може да се смири, навечер не спие и постојано размислува за тоа. Посебно ја плаши дека Лазиќ може повторно да го нападнат пред ќерката, па и неа да ја повредат“, рекол низни пријател, а пренесоа српските медиуми. Според извор близок на пејачката, Ана после инцидентот веднаш му се јавила на Дарко да провери дали е добро.
-Му рекла дека стравува за Лорена, а тој ја убедувал дека се ќе реши и дека на секој начин ќе го заштити девојчето. И Дарко е потресен и исплашен за својот живот, така што се договориле малечката престојниот период да остане со мајка и.
Лазиќ беше брутално нападнат и истепан во средата навечер.
Текстот Откако го претепаа Дарко Лазиќ, на ред е ќерката! е превземен од Reporter.mk.