Во мај светската рекордерка, Пола Редклиф, беше сведок на уште еден рекорд, а тој беше бројот на учесници на Виз Ер Скопски маратон. Околу 10.000 луѓе одлучија да излезат на патеката на денот на трката. Одличната организација на настанот од страна на Сојуз на спортови на Град Скопје, направи љубителите на спортот со нетрпение да го очекуваат новиот предизвик кој ќе се случи на 5-ти мај 2019 година.
Виз Ер Скопски маратон константно успева во една од своите клучни мисии, да го промовира и поттикне здравиот начин на живеење во Македонија. Поради големиот интерес, тимот на Виз Ер Скопски маратон го отвора пријавувањето денес, петок, 21.09.2018, во 10.00 часот. Истото ќе се одвива во неколку фази.
Оваа година повторно има интересни изненадувања за тие кои ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23.09.2018), па така, истите ќе ја имаат можноста да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.
За повеќе информации може да ја посетите официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон:http://skopskimaraton.com.mk
Текстот Отворено пријавувањето на „Виз ер скопски маратон“ 2019 е превземен од Reporter.mk.