Криси Тиген не користи Фотошоп за да ги прикрие своите несовршености на фотографиите кои ги објавува на „Инстаграм“. 32-годишниот модел сподели фотографија на која го покажува своето тело во бикини по раѓањето на две деца, а во едно од видеата се гледаат и стриите кои ѝ се појавиле по породувањето.
„Изгледа дека овие стрии нема едноставно да исчезнат. Ова е моето ново тело“ – вели таа.
„Исто така, не го нарекувам ова ‘самоуверена во своето тело’ бидејќи сè уште го немам достигнато тоа. Сè уште сум супер несигурна. Среќна сум што можам да направам некој друг да се чувствува подобро за себе!“ – напиша Криси на „Твитер“.
mom bod alert! pic.twitter.com/Qi0BZvLmhV
— christine teigen (@chrissyteigen) July 31, 2018
Текстот „Ова е моето ново тело“, Криси Тиген ги покажа стриите останати по породувањето е превземен од Reporter.mk.