Пејачот на легендарната група „Блек Сабат“, Ози Озборн, во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека има блага форма на Паркинсова болест. Тој рече дека лекарите ја отркриле болеста лани во февруари, откако незгодно паднал и морал да откаже неколку концерти поради лошата здравствена состојба.
„Ова беше тежок предизвик за сите нас. Јас го одржав последниот настап за Нова година и потоа паднав незгодно. Имав операција на вратот што ми ги уништи нервите“, рекол Озборн.
Тој додал дека сега пие лекови за Паркинсоновата болест и лекови против болки во нервите, што ги има уште од операцијата.
Иако долго време се шпекулираше дека Озборн е болен и дека концертите што ги откажа последнава година не се само заради операцијата, ова е првпат тој да потврди дека неговата здравствена ситуација е сериозна.
Текстот Ози Озборн откри дека има Паркинсонова болест е превземен од Reporter.mk.