Пензионираниот англиски фудбалер Дејвид Бекам (43) и неговиот пријател режисерот Гај Ричи (50), планираат да отворат паб во Британија. Двајцата потрошиле 3 милиони фунти за да ја купат палатата Валмер во Нотингем Хил.
Имаат во план да ја претворат во пивница, а идејата е преуредениот дворец да доаѓаат само висока класа на луѓе.
Како што пишуваат британските медиуми, ваквата реновација, ќе ги чини двете ѕвезди дополнително. Пивницата ќе биде како светски клуб кој има приватни членови од светот на филмовите, музиката и медиумите.
„Бекам не може да дочека да почне со реновирањето. Има силна желба да го отвори тој клуб“, изјавил извор близок до Бекам и додал дека покрај пивото, кое го произведува неговиот пријател Ричи, во клубот ќе се продаваат и најскапите вина во светот.
Самата палата се наоѓа во близина на семејната куќа на Дејвид и неговата сопруга Викторија Бекам, со која има четири деца. Бекам покажа дека има претприемачки дух уште кога почна со ангажманите околу својот фудбалски клуб во Мајами.
Текстот Палатата од 3,5 милиони евра, Бекам ќе ја претвори во пивница е превземен од Reporter.mk.