Палтроу и Бред ја прославија првата годишнина од бракот

Американската актерка Гвинет Палтроу (47) ја прослави својата прва годишнина од бракот со својот сопруг, сценаристот Бред Фалчук (48). Двојката се пофали на социјалните мрежи, пренесува „Метро“.

Палтроу и Фалчук годишнината ја прославија на излет на плажа.

„Првата година заврши“, напиша кусо актерката на „Инстаграм“.

Двајцата добија куп честитки од нивните многубројни фанови.

 

Текстот Палтроу и Бред ја прославија првата годишнина од бракот е превземен од Reporter.mk.