Поранешната Плејбој зајачица и глумица, Памела Андерсон, вели дека се уште повремено го носи црвениот костим за капење што го носеше во култната серија „Чуварите на плажата“ и дека со него ги заведува мажите што ѝ се допаѓаат.
„Се туширам во тој костим, па мокра се забавувам со нив низ целата куќа“, рекла Памела во едно скорешно интервју.
52-годишната глумица додала дека е изненадена што иако „Чуварите на плажата“ престанала да се снима пред повеќе од 20 години, луѓето се уште зборуваат за црвените костуми што ги носеа таа, Кармен Електра, Јасмин Блит, Џина Ли Нолин, Брук Бурк и другите глумици во серијата. Андерсон од 1992 до 1997 година во „Чуварите на плажата“ го глумеше ликот на Си Џеј Паркер.
Инаку, кога продуцентите на серијата смислувале што ќе носат на себе спасувачите на плажата, немале намера црвениот костим да биде толку сексапилен. Но, кога Памела и останатите глумици почнале да трчаат по плажата во него, публиката и медиумите им го доделиле статусот секс-симболи, па повеќето од нив таа титула ја носат и денес.
Текстот Памела Андерсон и сега заведува мажи со црвениот костим од култната серија е превземен од Reporter.mk.