Памела Андерсон откри кога ќе ја прекине врската со Адил

Памела Андерсон изјави дека љубовта помеѓу неа и нејзиното момче, фудбалерот Адил Рами, ќе прекине кога таа повеќе нема да изгледа како што изгледа.

„Откако ќе престанам да изгледам вака, љубовта ќе исчезне“, открила Памела во интервју за „Сан“.

„Еден ден сè ќе се распадне, го знаеш тоа? Така што, биди подготвен“, додала Памела обраќајки му се на Рами.

Му реков, ако еден ден ме погледнеш и се згрозиш од мене, јас секогаш ќе можам да се преселам во некоја друга земја“, навела Памела.

Засега Памела Андерсон и Адил се во одлични односи. Францускиот фудбалер неодамна истакна дека Памела е извонредна личност.

 

Текстот Памела Андерсон откри кога ќе ја прекине врската со Адил е превземен од Reporter.mk.