Памела Андерсон: Сѐ уште ми одговара црвениот костим од „Бејвоч“

Памела Андерсон вели дека сеуште и одговара црвениот костим кој го носеше во популарната американска телевизиска серија „Бејвоч“. Памела во серијата играше од периодот од 1992 година до 1997 година.

Уште тогаш ја сметаа за секс симбол, а остана запаметена по улогата на спасувач Си Џеј Паркер. Во интервју за „Фокс њуз“, таа проговори за легндарниот црвен костим за капење, со кој патролираше и трчаше низ плажите во Малибу.

„Го имам костимот до ден денес. Сеуште ми одговара. Го носев неколку пати за да ги насмеам моите пријатели“, вели Памела и откри дека низ годините попуштила малку со килажата.

Таа на социјалните мрежи често објавува разголени фотографии во црно-бела боја и се потсетува на некогашните улоги кои ги имала низ годините. Неодамна го заврши својот петти брак, по само 12 дена. Таа последен пат се омажи за продуцентот Џон Петерс (75), а подоцна објасни дека двајцата не биле во брак.

„Не бевме венчани. Јас сум романтична личност. Мислам дека сум лесна мета и дека луѓето само живеат во страв“, изјавила Памела, објаснувајќи дека врската меѓу неа и продуцентот завршила, затоа што почнал да се меша во нејзината кариера.

 

 

 

 

 

Текстот Памела Андерсон: Сѐ уште ми одговара црвениот костим од „Бејвоч“ е превземен од Reporter.mk.