Пандев не гласаше за Меси и Роналдо

Македонскиот фудбалер Горан Пандев на синоќешната церемонија на ФИФА, во изборот за најдобар фудбалер на светот, бодовите не им ги додели на фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

За македонскиот капитен изминатата година ја одбележаа тројцата играчи на Ливерпул. Пандев пет бодови даде за Холанѓанецот Вирџин Ван Дајк, три поени даде за Сенегалецот Мане и еден за Египјанецот Салах.

Церемонијата ја одбележа фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, кој ја доби наградата за најдобар фудбалер, во конкуренција со ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо, и играчот на Ливерпул Вирџин ван Дајк.

Наградата „The Best“ се доделува веќе четврта година во рамки на ФИФА.

 

 

Текстот Пандев не гласаше за Меси и Роналдо е превземен од Reporter.mk.