Папараци ја тужат Џиџи Хадид оти објавила нивни фотографии

Неколку папараци ја тужат манекенката Џиџи Хадид оти објавила нивни слики на своите социјални мрежи без да побара дозвола. Тие велат дека таа на „Инстаграм“ споделила околу 50 нивни слики што ги нашла на интернет. Затоа агенцијата за којашто работат бара отштета.

Сликите, според информациите на агенцијата ги лајкнале и коментирале околу 1,6 милиони луѓе во првите четири дена од нивното објавување, а тоа, наводно, штетело на приходот што можеле да го остварат ако ги продале сликите.

„Јас сум сликата на папараците. Овие луѓе прават пари од нас со тоа што секој ден нелегално нè прогонуваат. Тие прават да биде опасно за нас и безгрижно нè снимаат, со што нè ставаат во опасни ситуации,“ рекла Џиџи која не сака да плати за тужбата.

Ова не е првото обвинение против Џиџи за незаконско користење слики. Пред две години еден фотограф ја тужел оти споделила негова слика, но на крајот се спогодиле надвор од судницата.

Текстот Папараци ја тужат Џиџи Хадид оти објавила нивни фотографии е превземен од Reporter.mk.