Паркинсовата болест ја лекував со алкохол, Мајкл Џ.Фокс за најтешките мигови во животот   

Холивудската ѕвезда Мајкл Џ.Фокс е пример за многумина бидејќи на 29-годишна возраст му е дијагностицирана Паркинсова болест, но и покрај тоа тој продолжи со својата работа, но со намалн интензитет.

За ова заболување, чии симптоми се развиваат бавно, нема вистински лек, но можностите за лекување варираат и може да вклучуваат лекови и операции.

Ѕвездата на филмот „Враќање во иднината“ откри дека откако дознал дека е болен се свртел кон алкохолот.

„Почнав да пијам премногу. Но злоупотребата на алкохол доведе до тензии во мојот брак, кој отсекогаш бил добар, но по овој лош период- стана уште подобар, вели Фокс.

Тој е во брак со Трејси Полан од 1988 година и тие имаат четири деца.

Фокс во почетокот се плашел поради дијагнозата, но денес, на 57-годишна возраст, не сака да дозволи неговата болест да го спречи да ужива во животот. Со својата фондација сака да ги инспирира другите заболени од Паркинсова болест и да им покаже дека дури и со таква дијагноза може да се живее квалитетно.

 

Фокс, претходно оваа година, за списанието „Пипл“ откри како сето тоа започнало.

Едно утро во 1990 година се разбудил и видел дека неговиот мал прст на левата рака неконтролирано се грчи. Само една година подоцна невролог му кажал дека станува збор за рани знаци на Паркинсова болест.

Кога веста ја споделил со сопругата, тие се гушкале и плачеле. Потоа се свртел кон алкохолот во обид да ја намали болката. Празните шишиња ги криел од сопругата, а потоа, во 1992 година, таа го нашла во бесвесна состојба на каучот и со пиво истурено на тепихот, а покрај него бил нивниот тогаш тригодишен син Сем. Тоа бил неговиот последен пијалак.

Откако се отрезнил, почнал да посетува терапевт кој му помогнал да го прифати новиот живот со Паркинсова болест. Неговиот живот стана подобар кога ги доби близнаците Акина и Шулер во 1995 година, а потоа Исма 2001 година.

Текстот Паркинсовата болест ја лекував со алкохол, Мајкл Џ.Фокс за најтешките мигови во животот    е превземен од Reporter.mk.