Актерот Патрик Стјуард на годинешната конвенција „Ѕвездени патеки“ одржана во Лас Вегас објави дека повторно ќе го игра капетан Жан Лук Пикард.
Патрик Стјуард се враќа на некогашната улога, но сега во нови епизоди на серијата, пишува Би-би-си.
Актерот ја објави веста во саботата по повеќемесечните шпекулирања во јавноста.
CBS Television Studios и Алекс Курзман направиле договор во согласност со кој славниот филмски сценарист на „Ѕвездени патеки“ ќе продолжи да работи во идните пет години.
Патрик (78), кој е со потекло од Британија, во улогата на Пикрад се најде во 178 епизоди на популарниот скај фај серијал. Тој го глумел Пикард во периодот меѓу 1987 и 1994 година, како и во уште четири филмови.
„Секогаш ќе бидам горд на тоа што бев дел од серијата ‘Ѕвездени патеки: Новата генерација’. Кога во пролетта 2012 година се снимаше последниот дел помислив дека ѝ дојде крај на мојата улога во серијата“, изјавил актерот, кој во моментов живее во Њујорк.
Поединостите за новата серија сè уште не се објавуваат во целост. Во тајност се чуваат и името и почетокот на прикажувањето.
„Ѕвездени патеки“ се културолошки феномен, вреден повеќе од милијарда долари, кој во 2016 година наврши 50 години.
Текстот Патрик Стјуард се враќа во улогата на капетан Жан Лук Пикард е превземен од Reporter.mk.