Актерот Патрик Свeјзи одбил околу 5,5 милиони евра за да сними продолжение на еден од најголемите филмски хитови од осумдесетите и деведесетите години, „Валканиот танц“.
„Не верувам во продолженија“, бил краткиот коментар на Свејзи, кога новинарите го прашале зошто не сака да сними втор дел од филмот.
За љубовната сцена со Џенифер Греј, Свејзи вели тоа била хемија која ми била потребна и ја посакувал да му се случи и во животот. Снимањето Свејзи вели дека му било напорно и дека на почетокот со Греј не се сакале. Нивното пријателство се случило подоцна. Актерот изјавил дека на снимањата во природата паднал многупати, па на сетот морале да доаѓаат и лекари за да се погрижат за болките во колената.
„Тој филм ме научи како се снима љубовна сцена. Не се работи за тоа дали мажот и жената скокаат еден по друг, туку во тоа дека двајца, маж и жена, не се исполнети целосно, додека не се погледнат во очи“, изјавил Свејзи, за улогата на Џони Касл.
За својата болест актерот дознал во 2007 година, на сетот на серијата The Beast, која била и негова последна улога. Подоцна му бил дијагностициран рак во желудникот. Свејзи кој најмногу се прослави во филмовите „Валканиот танц“ и „Дух“, почина на 14, септември 2009 година, на 57 годишна возраст.
Текстот Патрик Свејзи одбил да сними продолжение на „Валканиот танц“ е превземен од Reporter.mk.