Педро Алмодовар ќе добие „Златен лав“ во Венеција

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ќе ја добие наградата „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал за неговиот придонес во областа на киното. Одлуката за доделување на наградата ја донело раководството на фестивалот, на чело со претседателот Паоло Барата.

„Педро Алмодовар ќе го добие ‘Златниот лав’ за режисерски заслуги на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција“, објавија на веб-страницата на фестивалот.

Алмодовар, пак, рекол дека е „многу возбуден и горд на наградата“. Освен „Златен лав“, шппанскиот режисер има два оскари за „Сè за мајка ми“ (1999, најдобар филм на странски јазик) и „Разговарај со неа“ (2002, најдобро оригинално сценарио”).

Текстот Педро Алмодовар ќе добие „Златен лав“ во Венеција е превземен од Reporter.mk.