Американската јавност по секс-скандалите со холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, повторно е шокирана по најновиот документарец на музичарот Роберт Силвестер Кели, во кој се открива дека тој бил сексуален злосторник. Во документарецот „Преживувањето на Р. Кели“, се прикажани жените жртви на пејачот.
Меѓу најголемите скандали во документарецот се оние за тоа дека Кели држел жест жени во заложништво. Пејачот ги држел како сексуални робинки, а најмногу малтретирал малолетнички.
Во 1994 година излегоа шпекулации дека Кели се оженил со пејачката Алаја, која тогаш имала 15 години, нешто што подоцна го одрекуваа и двајцата. Биле покренати уште две постапки од малолетни девојки, но Кели негирал дека имал некаква врска со нив. Уште една жена го обвинила, изјавувајќи дека ја заведувал на 15-годишна возраст. Таа го обвинила дека Кели ја за бременил и потоа ја принудил да абортира.
Музичарите и колегите кои соработувале со Кели масовно почнале да се одрекуваат од ваквите соработки. Лејди Гага ја симнала од „Јутјуб“ нивната заедничка песна „Што сакаш со моето тело“. Пејачката објаснила дека била премногу млада кога ја снимиле оваа песна.
Џон Леџенд го нарекол Кели сериски силувач. Кели ја оженил ѕвездата Алају, кога таа имала само 15 години. Успеале да ја лажираат нејзината крштеница. На документите пишувало дека таа имала 18 години. Бракот подоцна го поништиле нејзините родители, а младата Ајала животот го загубила во несреќни околности.
Текстот Пејачот Кели држел во заложништво шест жени, а силувал и малолетнички е превземен од Reporter.mk.