Пејачот на „Мегадет“ откри дека има рак

Пејачот на американскиот метал-бенд „Мегадет“, Дејв Мастејн, откри дека неодамна му е дијагностициран рак на грлото. Тој ја сподели веста на социјалните мрежи и напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување, па се надева дека ќе ја победи болеста. Третманот на музичарот е веќе почнат.

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од веќе закажаните концерти. И покрај ова, „Мегадет“ продолжува да работи на новиот албум. Последниот албум на бендот беше издаден во 2016 година „Дистопија“, а награден е со „Греми“ во 2017 година.

Текстот Пејачот на „Мегадет“ откри дека има рак е превземен од Reporter.mk.