Кит Флинт, пејачот на британскиот бенд „Продиџи“, должел 7,3 милиони фунти за даноци и разни заеми пред да се самоубие во март годинава, пишува „Сан“. Популарниот музичар имал 11,6 милиони фунти, но откако се исплатени сите давачки таа сума е намалена на 4,3 милиони фунти. Овие пари ќе бидат поделени на неговите наследници. Неколку дена пред смртта, Флит го дал на продажба својот имот во Данмоу, во англиската област Есекс. Тој имот е проценет на 1,5 милиони фунти, но засега не е продаден.
За потсетување, пејачот на „Продиџи“ беше најден мртов на 4 март годинава, во својата куќа во Данмоу. Според медицинскиот извештај, тој се самоубил, а вештаците во неговата крв открија кодеин, кокаин и алкохол. Иако не е потврдено, се верува дека причина за самоубиството на Флинт е депресија заради разводот со сопругата Мајуми Кај.
Текстот Пејачот на „Продиџи“ должел 7,3 милиони фунти пред да се самоубие е превземен од Reporter.mk.