Македонскиот пејач Влатко Илиевски вчера бил пронајден мртов во неговиот автомобил во Скопје, потврдија од МВР за „Макфакс“.
Пејачот бил пронајден по анонимна дојава, синоќа во 23 часот, а засега нема информации кои се причините за смртта. Илиевски со години беше дел од групата „Морал“.
Со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена. Вчера македонскиот пејач го прославил својот 33 роденден.