Пензионерот Тони Селмани, кој во регионот стана познат по изјавата „Вежбај пи*ка ти матер“, вчеравечер учествуваше на модната ревија на Саемот за венчавки во Загреб. Тој рекламираше костуми заедно со уште неколку познати Хрвати.
„Тони беше вистински професионалец на ревијата со хуманитарен карактер. Иако има 82 години се прошета по пистата како да е барем педесетина години помлад“, пишуваат хрватските медиуми.
Тони, кој потекнува од Македонија, неодамна изјави дека неколку години работел како манекен, а откако стана познат во регионот, неколку компании му понудија да биде заштитно лице на нивните брендови.
Текстот Пензионерот Тони, манекен на Саемот за венчавки во Загреб е превземен од Reporter.mk.