Пепелта на Лук Пери расфрлана во фармата која ја купи кога беше Дилан

Актерот Лук Пери (52), кој почина на 4 март од мозочен удар, е кремиран, а неговата пепел е расфрлана на местото што најмногу го сакал – фармата во Тенеси.

Како што открива извор од неговото семејство, неговата желба била да биде кремиран и пепелта да биде расфрлана во Ванлир, местото каде што Лук имал 380 хектари земјиште, а го купил во текот на 1990-тите, кога беше познат по улогата на Дилан од серијата “Беверли Хилс“. Секој слободен момент во изминатите 20 години Лук го поминувал на својот имот.

 

Текстот Пепелта на Лук Пери расфрлана во фармата која ја купи кога беше Дилан е превземен од Reporter.mk.